Брзи солени стапчиња со кашкавал

popara21 ноември, 201318min00
17

Состојки:

2 листа путер тесто

50 гр рендан кашкавал

Пипер

Малку сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Поставете го едниот слој путер тесто врз даска за сечење. Додадете врз него кашкавал, пипер и сол.

Врз него поставете го вториот слој тесто. Со помош на сукало внимателно поминете од горе неколку пати за да се залепат двата слоја. Поставете го тестото во сад за печење подмачкан, или обложен со хартија за печење.

Исечете го тестото на ленти со ширина 2 см од широката страна. Потоа секоја лентичка се усукува при што двата краја се вртат во спротивна насока.

Соленките се печат на 180 степени, 20 минути.