Проблематичниот холивудски актер Чарл Шин, Новата година ја дочекал далеку од примерно.
Три пати разведениот холивудски актер овој пат бил во друштво на бринета за која американските и британските таблоиди пишуваат дека е порно актерка.
Девојката се вика Грузија Џонс, а двојката е видена во Мексико за време на новогодишните празници.
Шин, кој е љубител на ‘опуштените’ забави со порно актерки и проститутки не се ни обидувал да се сокрие кога го снимале фоторепортери пред неговата вила во Кабо Сан Лукас.