Стела Макартни е едно од најпознатите имиња во светот на модата, а нејзината облека и аксесоари меѓу најпосакуваните на познати и убави дами.
Со секоја колекција таа се докажува се повеќе и повеќе. Таа е моден дизајнер со мисија, а не само ќерка на “Beatles”.
Еве што вели 41-годишната Стела за себе: “Начинот на кој моите родители ми го покажаа светот е клучот за она што сум во моментов. Она во што ме учеле да верувам – почит кон животните, разбирање на природата и за тоа дека ние ја делиме оваа планета со други суштества – секогаш имало огромно влијание врз мене. ”
“Кога станувам наутро, мојата прва работа е да бидам мајка и сопруга, а втората – да бидам дизајнер на облека”, истакнува талентираната дизајнерка.
Стела Макартни го продолжува професионалниот пат со ентузијазам и посветеност, измислувајќи стилски и применливи модели како чевлите од нејзината актуелна есенско-зимска колекција.