Фенг Шуи совети за богатство

1 февруари, 20130
bogatstvo

Древната кинеска наука Фенг шуи советува да живееме во хармонија со светот што не заобиклува за да бидеме среќни и исполнети во животот.

Еве какви се нивните совети во однос на финансиската благосостојба:

Точка на богатството – според фенг шуи секоја просторија може да се подели на 8 точки при што секоја од нив одговара за една од основните животни сфери. Секторот одговорен за богатството се наоѓа секогаш лево карши влезната врата. Во оваа точка треба да поставиме фигура на жаба, златна рипка или ластовица. Или пак 10 или 8 монети.

Златни риби – аквариум со златни рипки исто така би можел да заврши работа. Тој треба да биде поставен во југоисточниот дел од домот. Најдобра цифра за жители во аквариумот е 9. Ако решите да чувате повеќе од 9 риби нивниот број треба да може да се дели со бројот 9.

Готварска печка – правилата во фенг шуи гласат дека печката мора секогаш да биде чиста и во исправна состојба. Во спротивно привлекува негативна енергија која може да го блокира финансискиот напредок на домот.

Кинески монети – симбол на благосостојбата и изобилството се и кинеските монети заврзани во панделка. Тие треба да се вкупно 3, а бојата на панделката да биде црвена. Оваа амајлија привлекува среќа во бизнисот.

Во канцеларија – важно за канцеларијата за оној што управува е да биде во командна позиција спрема другите вработени. Задолжително неговото биро треба да биде што подалеку од влезната врата. А освен тоа е убаво да има поголем стол од останатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *