Чоколадна фантазија

15 февруари, 20130
cokoladna

Потребни состојки:

  • 8 јајца
  • 1 путер или маргарин
  • 200гр шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200гр чоколадо за готвење
  • 3гл ладно млеко

Начин на подготовка:

Жолчките изматете ги со шеќерот, па додадете го омекнатиот маргарин, растопеното чоколадо, брашно и прашок за пециво.

Потоа лесно, со дрвена лажица изматете снег од белки и ставете да се пече во голем плех.

Печете 40 минути на 180 степени, па топлиот колач прелијте го со 3дл ладно млеко.

Фил:

  • 1л павлака за шлаг
  • 400гр чоколадо за готвење

Павлаката за шлаг и чоколадото ставете ги на тивок оган или на пареа. Мешајте додека чоколадото целосно не се растопи и додека павлаката не дојде до вриење. Топлиот фил полека прелијте го врз печеното тесто.

Оладете на собна температура, па ставете во фрижидер неколку часа и уживајте во чоколадната фантазија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi