Чоколадни топчиња

21 јануари, 20130
cokoladni

Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен.

Потребни состојки

  • 175 мл слатка павлака со 45% масленост
  • 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
  • 30 г несолен путер, растопен
  • 3 супени лажици ликер по ваш вкус
  • незасладено какао

 

Начин на подготовка:

Во сад ставете ја павлаката да поврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните топчиња ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber