Бивш припадник на американската војска тврди дека планетата Земја е во опасност од вонземјански видови кои манипулираат со земјаните. Во писмото што го упатил до армиите на сите држави во светот тој нагласува дека е краен момент да се започне со отпор, бидејќи планетата е сериозно загрозена од вонземјанска инвазија.
Во писмото на Мајкл Релфе се вели дека уште во почетокот е направена голема грешка бидејќи службите го криеле фактот од обичните граѓани за постоењето на вонземјани. Таа грешка сеуште се случува и би можела да ја загрози иднината на човештвото. Битката против предаторските видови не може да се добие исклучиво со воена моќ и технологија. Сега веќе веројатно знаете дека такво сценарио опфаќа енергија и технологија за каква не можеме ни да сонуваме – истакнува Релфе.
На пример, тој се прашува, како може да се надевате да се борите против непријателот кој поминува низ хипер димензии и портали и кој има технологија за контрола на умот па затоа и може да киднапира било кој државен функционер и потоа да го контролира неговиот ум?
Како можете да го победите непријателот кој може да се скрие од вашиот поглед? Тој предаторски вид, нивната технологија и оние луѓе кои доброволно им служат можат да бидат поразени единствено со кумулативни сили и метафизички и духовни моќи како и со помош на интелигенцијата што ја поседуваат земјаните.“ – тврди Мајкл Релфе.