Чуда се случуваат: Девојчето преживеа неверојатна несреќа

23 јануари, 20130

За време на несреќата низ задното стакло на автомобилот на улица испаднало двегодишно девојче. Со вистинско чудо ова двегодишно девојче поминало само со полесни повреди.

Камерата поставена во еден автомобил го забележала моментот кога на заледениот пат во близна на Москва возачот на автомобилот изгубил контрола над своето возило и удрил во камион.

Во несреќата низ задното стакло на автомобилот на улица испаднало двегодишно девојче.

За среќа, камионот кој се движел кон девојчето успеал да закочи.

На снимката може да се види како еден од родителите излегува од автомобилот и го зема детето од патот.

Според руските медиуми девојчето поминало без тешки повреди, само со лесен потрес на мозокот, гребаници и модринки.
Руската полиција соопштила дека девојчето, покриено лежело на задното седиште во автомобилот. Таа не била врзана со сигуросен појас.
Рускиот парламент планира да донесе нов закон со кој ќе се воведат построги казни за родителите кои ги возат своите деца без сигуросен појас.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=BqV1MkmPFVo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber