Чудна теорија: Убиваат и силуваат бидејќи е премногу жешко?!

5 август, 20130
16

Оваа поврзаност е забележана во различни периоди и на различни континенти. Врската помеѓу насилството и климатските промени е голема, вели Маршал Брук, шефот на тимот кој ја спроведува оваа студија.

Конечно е јасно зошто се случуваат се повеќе брутални убиства во светот. Промената на климата е поврзана со зголемување на процентот на насилство ширум светот, покажува истражувањето спроведено во калифорнискиот универзитет Беркли.

Тие тврдат дека промената на климата води до зголемен број напади, силувања, убиства и војни. Поради тоа тие сметаат дека светот ќе стане уште поопасно место.

Тие анализирале 60 студии настанати во последниве 100 години.

“Сакаме да бидеме внимателни, не сакаме секој настан да го препишеме на климатските промени, но овие резултати се мошне интересни“ – вели Бурк. Тој верува дека порастот на температурата за само два степени го зголемува процентот на криминални дела за 15%, а групните конфликти за цели 50%.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma