Понекогаш се прашуваме дали можеби експертите не ги местат резултатите од истражувањата во своја полза. Ете сега последната вест со која решија да не израдуваат е дека црвеното вино лекува депресија. И за да го направат нашиот ден уште подобар, тие додаваат дека не само виното но и чоколадото, зрнестите храни, чајот и некои цитруси го имаат истиот лековит ефект.
Причината се разбира не е во желбата да ни угодат, а фактот дека овие намирници се најбогати со флавоноиди – хемиски соединенија кои помагаат во борбата со депресијата и фобиите.
Оваа вест дефинитивно заслужува да биде прославена со чаша црвено вино или земајќи го во предвид ситниот детал, дека сме на работа – со свежо исцеден фреш од грејпфрут и портокали.