Црвеното вино – лек против депресија

31 јануари, 20130
vino

Понекогаш се прашуваме дали можеби експертите не ги местат резултатите од истражувањата  во своја полза. Ете сега последната вест со која решија да не израдуваат е дека црвеното вино лекува депресија. И за да го направат нашиот ден уште подобар, тие додаваат дека не само виното но и чоколадото, зрнестите храни, чајот и некои цитруси го имаат истиот лековит ефект.

Причината се разбира не е во желбата да ни угодат, а фактот дека овие намирници се најбогати со флавоноиди – хемиски соединенија кои помагаат во борбата со депресијата и фобиите.

Оваа вест дефинитивно заслужува да биде прославена со чаша црвено вино или земајќи го во предвид ситниот детал, дека сме на работа – со свежо исцеден фреш од грејпфрут и портокали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *