Дали хормоналната контрацепција е навистина безбедна?

popara5 декември, 20131min00
tableti

Вообичаеното мислење на лаиците и професионалците во врска со безбедноста во примена на хормонална контрацепција е доведено до прашање поради извештаите објавени во Health Canada.

Имено, седумгодишното пратење на несаканите ефекти од користењето на апчињата Jaz и Yasmin покажале поголеми инциденти на смртност кај пациенти кои ги користеле овие производи.

Во овој период, 23 смртни случаи се поврзани со употребата на овие лекови. Се верува дека најчест механизам кој доведува до вакви компликации е сериозното пореметување на згрутчување на крвта. До ова нарушување доведува вештачки создадената прогестеронска компонента на овие производи.

Овие лекови ги произведува компанијата Баер, која не ги прифати наодите од оваа студија.

Никогаш не треба да се земаат лекови без консултација со лекар. Пред и додека се земаат контрацептивни таблети, неопходно е да се направи гинеколошки преглед и ултразвук со лабораториски анализи на крвна слика, биохемија, фактор на згрутчување на крвта и масни материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *