Дали Обама ќе го потврди постоењето на вонземјани?

popara16 декември, 201317min00
5

Дали Обама во својот долг мандат конечно во јавноста ќе објави докази за постоење на вонземјански живот? Ако може да им се верува на оние кои тоа го очекуваат со години, ништо не е невозможно.

Во Белата куќа се врати Џон Подеста, која работеше за времто на Бил Клинтон, и кој овој пат нема да се занимава со сексуалните скандали, туку можеби со вонземјаните.

Според американските медиуми Подеста веројатно ќе работи на подготовка на информациите кои американската влада ги поседува за постоење на вонземјански живот, за што овој вашингтонски инсајдер веќе зборуваше во јавноста неколку пати. Уште во 2002 година Подеста изјави дека треба да се објават одредени информации за така наречената Зона 51, а во меѓувреме напишал и предговор за книгата која ќе е посветена на темата НЛО. Подеста по повод враќањето во Белата куќа на Твитер енигматично коментирал: ‘The truth is out There’,

Токму затоа започнаа шпекулации за тоа дека Белата куќа до крајот на вториот мандат на Обама ќе ја информира јавноста официјално за доказите кои тие ги имаат за постоењето на вонземјански живот.