Голема прашина се подигна поради изјавата на Сепа Блатер, првиот човек на ФИФА, кога го прашаа дали според него е подобар Меси или Кристијано Роналдо. Најпрво Реал Мадрид бараше извинување од претседателот на Меѓународната фудбалска федерација поради навредливиот тон кој го употребил Блатер зборувајќи за Роналдо.
“Оваа видео снимка покажува колку почит има ФИФА кон мене, мојот клуб и мојата земја. Сега се е јасно. Му посакувам на господинот Блатер долг живот и добро здравје и да продолжи да биде сведок како што и заслужува за успехот на неговите омилени клубови и играчи.“ – напишал Роналдо на својата фан страна.
httpv://www.youtube.com/watch?v=5sRa9tmU9Yk