Дали сеуште имате нејасни прашања во поглед на љубовта?

6 март, 20130
222

Што сакаат жените?

Мажите го сакаат она што го немаат, а жените? Тие го сакаат само она што го имаат…другите жени!

За да бидеш ти жената на неговиот живот:

Повреди го неговото срце и ти ќе бидеш жената на неговиот живот!

Ич да не ти е гајле!

Немој да те загрижува ни малку, ако судбината ти го одземала мажот за кој си верувала дека е единствениот. Тоа значи само едно – ти подготвува уште подобар!

За неверство повод секогаш има…

За неверство повод секогаш ќе се најде, како и оправдување, како и мотив… Но само карактерот е она од што зависи дали ќе се решиме да ја пречекориме границата и да си поиграме со довербата…

Право во неговото срце

Драга, ако мислиш дека патот кон срцето на мажот минува низ стомакот, веројатно нишаниш премногу високо…

Не се откажувај…

На доктор се се покажува, на сопруг ништо не се кажува, на инструктор не се откажува…

Што бараат жените?

Ако се прашувате кој е бестселерот на сите времиња, ајде ќе ви кажеме. прашањето: Како да го најдам мажот од моите соништа и… што да правам после со тоа ѓубре?!…

Љубомора?

Љубомората не е пројава на љубов ни пак голема страст. Љубомората е знак дека имаш очајна потреба да бидеш сакан…

Каде се крие машката сила?

Вистинската машка сила не се крие во страсните погледи на жените со кои легнуваш. Таа се крие во насмевката на онаа до која се будиш!

И жените и мажите симулираат!

Жените симулираат оргазми, а мажите добра финансиска состојба!

Г точката?

Г точката се крие во женските уши. Ако некој ја бара на друго место, никогаш нема да ја најде!

Романтично порно?

Романтичните филмови уништуваат врски зошто ги залажуваат жените да го очекуваат истото во реалниот живот. Порното го прави истото со мажите!

Љубовницата на македоноцот

Англичанецот има жена и љубовница. Ја сака жената.

Французинот има жена и љубовница. Ја сака љубовницата.

Русинот има жена и љубовница. Ја сака водката.

Евреинот има жена и љубовница. Ја сака мајка си.

Македонецот има жена и љубовница. Тој сака да има!

Не можеш да скриеш:

Човек не може да скрие три работи – кашлица, глупост и мерак!

Проституција, секс и поезија

Жените ја измислиле проституцијата за да добиваат пари за секс…

Мажите го измислиле бракот, за да не даваат пари за секс…

Поетите ја измислиле љубовта, за да не е толку гадна целата таа работа!

Сексуална мисла

Не е важно каде, не е важно кога, не е важно како, а за некои не е важно ни со која – мажот секогаш мисли на секс!

Убаво соблечена

Мажите секогаш се прашуваат зошто жените носат убави фустани? Имено, затоа што убавите фустани се носат за да бидат соблечени.

Никогаш не се предавај…

Никогаш не се откажувај од она што навистина го сакаш. Човек со големи соништа е многу посилен од човек кој има илјада тактики!

Подобро кажи ја вистината…

Кога жена ќе ти постави прашање, подобро кажи ја вистината. Зошто најверојатно таа веќе ја знае…

Да го заборавиш оној што го сакаш…

Да се обидуваш да го заборавиш човекот што го сакаш е исто како да се обидуваш да се сетиш за некој што не го познаваш!

Најголемата сила на жените?

Најголемата сила на жените се крие во тоа што токму тие се најголемата слабост на мажите!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi