Дали Сонцето ќе ја уништи Земјата? Доаѓа најголемата соларна бура!

23 февруари, 20130
www

За само 48 часа на Сонцето се појави дамка која би можела да предизвика невидена до сега ерупција, што би го зголемила зрачењето, би ја изменила климата и би ја уништила електричната мрежа…

Хјустон – Неизвесна судбина

Огромна сончева дамка најмалку 6 пати поголема од пречникот на Земјата е формирана на површината од  Сонцето за само 48 часа, што би можело да предизвика сончева бура која од своја страна може да предизвика катастрофални проблеми на нашата планета, објавила американската свемирска агенција НАСА.

Се претпоставува дека новонастанатата дамка ќе го зголеми повеќекратно нивото на штетно зрачење на земјата, ќе ја измени климата и ќе ја уништи електричната мрежа со што ќе се оневозможи и нормалниот живот на планетата.

Дамката составена од неколку темни флеки се појавила помеѓу вторникот и четвртокот и со брзината на ширење сосема ги збунила научниците кои ја снимиле со помош на специјални инструменти за соларна опсервација. Експертите забележале дека дамката веднаш се трансформира во нестабилна конфигурација и почнала да се шири со огромна брзина, поради што се претпоставува дека ќе предизвика јака сончева бура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *