Destiny’s Child издаваат нов албум!

popara12 јануари, 20131min00
destinys_1357836228_crop_500x375

Бијонсе, Кели Роуланд и Мишел Вилијамс се враќаат на музичката сцена со новиот албум „Љубовни песни“, кој го најавиле во четвртокот, и кој во продажба би требало да се појави на 29 јануари.

Албумот е претежно составен од романтични нумери снимени помеѓу 1997 и 2004 година, но исто така ја содржи и новата песна „Нуклеар“, првата која оваа група ја снимила во изминативе осум години.
Ова повторно обединување на “Destiny’s child” довело и до шпекулации дека Мишел и Кели ќе и се придружат на Бијонсе на 3 февруари, на нејзиниот получасовен настап на Суперболот.