Седумнаесет годишната Х.Ш. вчера попладнето била повредена со нож на автобуска постојка кај ТЦ-„Чаирчанка“.
Малолетничката ја повредил 19-годишниот скопјанец С.Б., со кого таа се познавала, во пределот на бутот од левата нога.
Повредената заради укажување на лекарска помош била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.