Актерката Амбер Хард која во моментов е девојка на Џони Деп признава дека всушност се гордее со својата бисексуалност. Во 2010 година дамата отворено изјави дека чувствува сексуална привлечност кон двата пола и до ден денес смета дека нема ништо срамно во тоа.
“Не можам да замислам да живеам според некои стандардни правила. Всушност самата помисла да живеам според нечии правила ме излудува. Секогаш сум се борела против она што се очекува од мене. Не кријам ништо и не се срамам од моите одлуки“, сподели 27 годишната Амбер.