Дилбер Стана

popara1 октомври, 2013733min00
stana

Дилбер Стана

Те сакам.

За тоа што сум, те сакам.

За тоа што ми даде, и ми зема, Те сакам

За тоа што ме направи

За сите мајки

За мојата мајка

 

На  06.10.2013 во 19 ч, во  склоп на затворањето на SDW2013,Ивана Кнез и Драма Студио ќе го презентираат мултимедијалниот проект Дилбер Стана.

Овој проект вклучува видео запис, режиран од Билјана Радиноска, моден едиторијал, изложба и перформанс на сцената на SDW2013. “Инспирацијата е црпена од нашата култура и традиција, чистината и модернизмот со нагласената симболика раскажуваат една субјективна приказна за нереализирано мајчинствоизјави дизајнерката Ивана Кнез. Овој проект ќе ја претставува македонската мода на престижниот  моден настан во Абу Даби Fashion Strikes, за таа цел македонската публика ќе го види во работна верзија.