
Објавени се резултатите од неодамнешното истражување со цел да покаже како изгледаат “просечните жени“ во земјите ширум светот.
Во истражувањето учествувале психолози од еден универзитет во Англија и професионални фотографи кои направиле неколку илјади фотографии на женски лица од целиот свет.
Во продолжението на експериментот е користена модерна технологија со која е направена комбинација од добиените фотографии со цел да се добие лицето на просечната жена, за секоја поединечна земја.
Откако фотографиите се објавени, има и критики, меѓу кои се истакнува дека наводно просечните жени се сепак премногу привлечни, но авторите на експериментот велат дека тоа ја објаснува методата, односно процесот кој го користеле.
Според некои пак, токму ова докажува дека просечното, што често и не го забележуваме, е всушност она најубавото!

