Домашен мајонез

popara8 ноември, 201319min00
16

Состојки:

1 кафена лажичка сол

500 мл масло за јадење

4 јајца

1 кафена лажичка лимонтус

Подготовка:

Скршете ги јајцата во тегла од 800 мл.

Додадете сол, лимонтус и масло до под грлото на теглата.

Со помош на миксер матете во почетокот бавно, а потоа на поголема јачина околу 30-40 секунди.

Добро е готовиот мајонез да го разредите со кисело млеко или сенф за да не е така тежок.