Погледнете како таа храбро се подготвува за операција: Ќе и ги отстранат двете дојки…
8 ноември, 20130
Карциномот не е воопшто смешен ни забавен, но тоа не ја спречило оваа храбра жена да ја исполни својата желба и да танцува во операционата сала со тимот хирурзи пред да и биде извршена двострана мастектомија.
Дебора е мајка на две деца иначе гинеколог во Сан Франциско. Кога пред месец дена дознала дека ќе оди на операција, одлучила времето пред операција да и биде исполнето само со радост бидејќи верува дека само позитивната енергија спасува.
Видеото прикажува како Дебора, хирурзите како и тимот анестезиолози танцуваат во операционата сала.
Видеото е поставено на Јутјуб и веќе има над 3 милиони прегледи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uPdheFjRm4E