Некогашните ѕвезди од серијата “Беверли Хилс“, Џени Гарт (Кели) и Тори Спелинг (Дона) повторно ќе глумат заедно, овој пат во нов проект. Познатите актерки ќе учествуваат во новата серија наречена “Мистериозни девојки“.
Во оваа серија Гарт и Спелинг ќе ги толкуваат улогите на Холи и Чарли, кои во 90-те години биле дел од најгледаната крими серија во тоа време. Се раскажува за Холи, која сака да ја оживее својата поранешна слава и отвара детективска агенција. Таа ја убедува Чарли да и помогне во нејзината мисија при решавањето на крими задачите.