
Двајца мажи од Кенија потпишале договор да се оженат со иста жена – која била и со двајцата во врска и очигледно не сака да остави ни еден од нив.
Двајцата мажи се согласиле дека можат да останат да живеат во нејзината куќа, а се обврзале да помагаат и двајцата во одгледувањето на децата кои ќе се родат во заедничкиот брак помеѓу тројцата. Полицаецот Адхалах Абдулрахман ги убедил двајцата мажи да се оженат за иста жена – откако ги затекнал како се тепаат поради неа.
“Се договоривме дека од денес нема да се закануваме еден на друг и дека нема да бидеме љубоморни поради нашата жена која вели дека не е спремна да остави ни еден од нас“, се вели во договорот кој го постигнале.
Невестата вели дека нејзините родители го благословиле овој брак. Жената која е вдовица и од првиот брак има две деца, не сакала нејзиното име да биде објавено во медиумите.
