Џабе пари и слава: И Кортни Кокс доживеала нервен слом!

popara18 март, 20131min00
5

Кортни Кокс наводно доживеала нервен слом бидејќи не можела да го поднесе фактот дека нејзиниот бивш сопруг Дејвид Аркет ја заборавил и продолжил со својот живот после разводот, а таа сеуште тагува по него.

Аркет 12 јуни минатата година поднесол барање за развод и иако документите се потпишани уште во март, чекал речиси три месеци да ги предаде на судот, поточно во денот кога би ја прославиле својата 13 годишнина.

Двојката се раздели уште во 2010 година. Аркет во судските документи наведува непомирливи разлики како причина за разводот и побарал заедничко старателство над нивната ќерка Коко (8).