Латино дивата со најсексапилниот задник покажа дека е жив оган на подиумот засенувајќи го дури и нејзиниот дечко Каспер Смарт, кој е нејзиниот главен кореограф.
Секси Џенифер изгледаше фантастично и тешко е човек да поверува дека мега ѕвездата има 43 години!
Облечена во кратко тесно фустанче со гол грб пејачката зрачеше од среќа. Во друштвото на Каспер и Питбул латино дивата се забавуваше во ритамот на најголемите летни хитови.
Сепак Џенифер имаше повод за празнување – на 18 јули и беше доделена наградата „Icono Mundial” на музичките награди Premios Juventud во Мајами.
https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=cSHJXHQAtTc