Џенифер Анистон се обидува да ја копира Анџелина Џоли

popara11 декември, 201317min00
6

Како што е познато Анџелина Џоли се обиде да се реализира во улога на режисер, а сега и Џенифер Анистон решила да си ги испроба силите во истиот правец. Таа следната година планира да снима филм кој самата таа ќе го режира.

“Многу сум возбудена што следната година ќе се појавам како режисер. Благодарна сум многу на своите фанови и се надевам дека и понатаму ќе бидам добра во она што го правам“.

Иначе, неодамна беше лансирана веста дека Анџелина никогаш повеќе нема да може целосно да му верува на својот партнер, бидејќи нивната врска започнала со неверство. Се мисли на тоа дека Бред Пит ја изневерувал својата тогашна сопруга Џенифер Анистон и влегол во тајна врска со Анџелина. А според Џоли, ова не е вистинскиот начин.