Џенифер Лопез и Андреа Бочели со заеднички проект

popara25 јануари, 20131min01
jlo

Џенифер Лопез е специјален гостин во новиот албум на оперскиот пејач Андреа Бочели. Тие  снимиле дует “Quizas, quizas, quizas”.

Јас те сакам, а ти мене веќе не. Историјата на песната раскажува за невозможна љубов помеѓу двајца луѓе кои не успеваат да се разберат.

Во текот на 2013 година Андреа Бочели и Џенифер Лопез ќе изведат нова верзија на песната од 1966 година. Изненадувачкиот дует најверојатно ќе привлече обожавателите и на двајцата пејачи со сосема различни стилови.

Италијанскиот тенор настојувал да го сними изненадувачкиот дует со Џеј Ло. Латино бомбата, која сега е насочена кон клубски звук, имаше потреба од ваков поттик на својата кариера. Пејачката повторно покажува дека останува еден од најубавите гласови на латино музиката во светот.

За 20-годишнината од почетокот на својата кариера Андреа Бочели на публиката ќе и го подари својот нов албум Passionate на 29 јануари.

Во него освен со Џеј Ло тој го дели микрофонот и со Нели Фуртадо. А благодарение на магијата на технологијата Бочели сними песна и со легендарната француска пејачка Едит Пиаф.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=1uOSlq8R83s

One comment

  • ivan

    25 јануари, 2013 at 19:20

    Jey Lo

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag