Доби награда за најдобра актерка, но ќе остане запаметена по својот инцидент.
На SAG наградите имаше многу интересни случувања. Покрај тоа што “Арго” е прогласен за најдобар филм и така влезе во трката за Оскарите, така и добитничката Џенифер Лоренс имаше мала незгода која не можеше да не биде забележана.
Кога беше прогласена за добитник, одеднаш стана и нејзиниот фустан во два дела не можеше да издржи. така што до сцената едвај стигна во едно парче! За се е виновен некој на соседната маса кој стоел на нејзиниот скап Christian Dior фустан!
Џенифер на церемонијата пристигнала болна со пневмонија, но ниту тоа не успеа да ја спречи да ја земе својата заслужена SAG награда. И останатите познати актерки се сочувствувале со младата Лоренс која стоички го издржа сето тоа!
Камерата ги забележи и реакциите на Марион Котиар и Никол Кидман: