Едногласно: Мажите откриваат што сакаат во кревет

26 декември, 20130
17

Секако дека не смеете да си дозволите тој да го диктира вашето сексуално однесување, но верувале или не, мажите воопшто не се комплицирани. Всушност многу се едноставни и ќе ги задоволи се што не е претерано и чудно. Прочитајте што тие изјавиле:

Сакаме да ни зборувате перверзно

Мажите не очекуваат од нас да зборуваме постојано додека трае сексот, но вистинските зборови во вистинско време ќе направат вистинско чудо во кревет. Разбудете ја вашата фантазија, бидејќи од вас не се очекува да зборувате буквално перверзно, туку суптилно наговестете му колку ви се допаѓа она што го прави или што би сакале да прави.

Сакаме понекогаш да ја превземете контролата

Нема подобро од девојка која знае што сака и умее да ја превземе контролата во кревет. Тоа не значи дека треба од глава до пети да се облечете во кожа и да доминирате. Во прашање се само неколку движења – само малку посилно притиснете го до себе и ќе ја забележите промената.

Сакаме да ни ја покажете омилената поза

Доколку постои поза која сакате да ја пробате, не размислувајте два пати. Мажот ќе биде воодушевен од вашата иницијатива.

Сакаме да не изненадите

Воведувањето на новитети во предиграта на пример може уште повеќе да ја разгори страста. Тоа не мора да подразбира предмети или секс играчки. Можете да го изненадите така што само ќе се појавите на неговата врата и без зборови ќе почнете со акција. Нема да знае што му се случило, ваквиот подарок долго ќе го памети.

Сакаме да ве гледаме

Визуелната симулација е најважна за мажите. Изберете пози во кои тој ќе има добар поглед. Уште подобро, додадете големо огледало и уживајте во она што двајцата ќе го гледате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit