Новиот iPad Air 9.7 инчен (24.6 цм) е 7.5 мм тенок и тежи 469гр, па според овие вредности е најлесниот целосно комплетен таблет излезен до сега.
Процесорот е истиот А7 чип направен од компанијата како на iPhone 5S. Најавата на овој таблет дојде кога некои аналитичари рекоа дека Андроидот на Гугл има шанси да го превземе водството на iOS како најдобро продавана таблетна платформа.
Основната верзија од 16 ГБ ќе чини 500 долари, а онаа која ќе користи мобилен интернет ќе се продава за 630 долари после 1 ноември во 40 држави, меѓу кои и Кина.
Цената на “Мини“ моделот ќе изнесува 400 долари за основна верзија и 530 за напредниот модел.
Експертите проценуваат дека Епл излегол со прилично високи цени за новите уреди, па е неизвесно како пазарот ќе реагира, покрај бројните Адроид таблети кои можат да се најдат под 250 долари.
Борбата помеѓу Епл и Андроид продолжува бидејќи статистиката засега изгледа вака: 49,6% за Андроид и 48,6% од светскиот пазар за Епл.
Првите две години Епл држеше две тртини од пазарот, а Андроид околу 30%.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VXXZ4M604N8