Епл лансира патент кој ќе отвара апликација без допир на екранот

popara26 декември, 201318min00
27

 

Компанијата планира да лансира “Touch and hover“ дисплеј кој ќе користи слична технологија како онаа на Samsung Galaxy Note 2 моделот, додека другиот патент ќе биде сензор кој ќе ја прати работата на вашето срце. Епл од година во година изненадува со нови видови на технологии со кои ги поместуваат границите на реалноста до некаде. Touch and hover дисплејот ќе овозможи на вашиот Епл уред да го користите без никаков допир на екранот. Едноставно ќе треба само да се задржи прстот над апликацијата и таа сама автоматски ќе стартува исто како да сме го притиснале екранот.

Веројатно на почетокот корисниците ќе бидат изненадени од нивните Ајфони или Ајпади во некои ситуации каде ќе биде тешко да се распознае прстот, односно, со само померување можеби самата апликација да се стартува без вие да сакате. Меѓутоа,програмерите работат на интерфејс кој ќе проверува колку долго сте го задржале прстот над апликацијата.

За другиот патент пак, не се знае многу, но од неофицијални извори станува збор за многу сложен сензор кој ќе ја прати работата на вашето срце толку детално што на некој начин ќе може да идентификува различни луѓе. Ова до сега не е видено на ниту еден уред до сега. Овој уред ќе донесе нова димензија на фитнес апликациите и ќе биде користен како на пример, додека вежбате или трчате ќе ја прати работата на срцето. Не се знае кога овие патенти ќе се појават, но се очекува да бидат промовирани на новите генерации на Ајфони и Ајпади.

 

Foto: Flickr/jasleen_kaur

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *