Покрај тоа што изгледа одлично и на таа сметка заработува милиони, покажала дека е идеално друштво на забавите!
Хајди Клум гостувала во ток-шоу со Џеј Лено и покажала дека знае да танцува и тоа на маса!
Убавата манекенка не одолеала да заигра на хитот на Ријана ‘Only Girl (In The World)’ и гордо демонстрирала колку сака да игра по маси. Облечена во црн фустан, со проѕирни отвори, Хајди го покажа и своите секси нозе.
Инаку, тацувала бидејќи Џеј Лено ја прашал како се забавувала на after party по доделувањето на наградите Златен глобус. Токму таму моделот со својата пријателка Лорен танцувала по маси.
“Многу се забавував. Забавата во суштина беше многу досадна, па по неколку чаши шампањодлучивме, малку да се опуштиме. И атака се чачивме”, раскажала Хајди. Секако и веднаш демонстрирала како тоа изгледало…
http://www.youtube.com/watch?v=x1K8CAB9CwU&feature=player_embedded