
Состојки:
За тесто:
8 жолчки
20 дкг шеќер
25 дкг мелени ореви
1 лажица брашно
½ пакетче прашок за пециво
Кора од еден портокал
Месото од два ситно исецкани портокали
10 дкг чоколадо
8 белки
Малку сол
Прелив:
Сок од еден портокал
3 лажици вода
Глазура:
10 дкг чоколадо
Пола филџан масло
Подготовка:
Жолчките со шеќерот пенесто се матат. Оревите се мешаат со брашното, прашокот за пециво и ренданата чоколада. Белките се матат со малку сол додека не се добие цврст снег. Се ренда кора од еден портокал, а месото од два портокали ситно се сецка, без белата кожа.
Во матените жолчки се додава кората од портокал и ситно исецканиот портокал. Потоа наизменично се додава снегот од белки и оревите. Дното на калапот за торта (26 см) се обложува со хартија за печење. Се исипува тестото и се пече во претходно загреана рерна 45 минути, на 180 степени. Во изгасната, отворена рерна, оставете ја тортата 15 минути постепено да се лади.
Сокот од еден портокал измешајте го со 3 лажици вода и врелата торта посипете ја со овој прелив.
Потоа тортата извадете ја од калапот и поставете ја врз чинија за торта.
Чоколадото и половина филџан масло ставете ги на пареа да се стопи чоколадата и со тоа се прави глазура врз тортата.