Ефтино и брзо: Направете домашно сирење за пита
20 ноември, 20131
Состојки:
2 литри млеко со 3,2 масленост (се препорачува да користите домашно млеко)
2 лимони
Подготовка:
Млекото се загрева до вриење, но не смее да проврие. Во врелото млеко се додава сок од 2 лимони и се меша. Чекајте лимонот да почне да делува, околу половина час, па процедете ја смесата низ газа. Подврзете ја газата и обесете ја за да може подобро да се исцеди. Сирењето ќе биде готово кога сурутката ќе престане да капе. Сурутката е здрава да се пие, па и неа можете да ја искористите.
Пробајте, ние сме воодушевени од резултатот!
One comment
maja
22 ноември, 2013 at 13:10
preubavi recepti