Градините Maple Glen се наоѓаат во јужниот дел на Нов Зеланд и се приватна сопственост. Тие припаѓаат на семејството Боб и Мјуриел Дејвидсон, кои го купиле имотот во 1966 година, при што тогаш тоа претставувало само една мала куќа со мала градина. И покрај големиот интерес кон растенијата, фамилијата не можела да си дозволи ништо повеќе од лопата.
Развојот на паркот започнува во почетокот на 1970 година, кога семејството ги продава млекодајните крави и создава расадник. Со текот на годините градините не престанале да се развиваат и прошируваат. Денес на оваа територија можат да се видат многу интересни и егзотични видови растенија и животни.