
Иако шансите за смирување на Станија Добројевиќ и Филип Панајотовиќ се многу мали, манекенот изјавил дека се кае за се што сторил и дека ќе се обиде со сите сили да се бори и да ја врати назад старлетата. Панајотовиќ сватил дека без Станија нема да може и дека многу му недостасува откако прекинале секаков контакт.
“Бев незадоволен од својот живот и ја запоставив, но сето тоа го средив и сега застанав на нозе. И сега сакам се помеѓу нас да биде како претходно. Ми недостасува и не можам да живеам без неа“, изјавил манекенот кој не негира дека неколку часа чекал пред нејзиниот стан во Нови Сад, но старлетата не се појавила.