Fleur of England е ексклузивна дизајнерска куќа која создава луксузен стил за женската долна облека. Во нивните студија ширум светот основачот на компанијата и неговиот дизајнерски тим креираат преубава долна облека која совршено се вклопува со женските облини и изгледа неверојатно добро. Континуирано го менуваат стилот и ги следат новите трендови со што влијаат и на менување на трендовите и сето тоа ги прави да бидат секогаш во центар на вниманието и врвен бренд во областа.