Француски авантурист открил богатство во тајните тунели на Мачу Пикчу

popara8 февруари, 20131min00
1
Запечатена врата која потсетува на отворите на древните гробници е откриена во срцето на светиот град на Инките, Мачу Пикчу. Со геофизички истражувања е откриено дека зад нив се крие богатство, но сеуште не е отворена.
Францускиот археолог и ловец на богатства, Тјери Џамин, последите петнаесетина години ги поминал трагајќи по остатоци од древните цивилизации на Инките во југот на Перу. Досега има откриено околу триесетина вредни наоѓалишта меѓу кои неколку тврдини и делови од градови.
Водејќи се од  приказната на еден инженер кој пред три години како турист го посетил Мачу Пикчу и му раскажал за таен влез кон подземјето во средиштето на древниот град, Џамин решава да го посети овој историски споменик. Спроед зборовите на инженерот се работи за запечатена врата која потсетува на влез во гробница.
На почетокто на минатата година Џамин побарал дозвола од перуанското министерство за култура да му дозволи да спроведе детално геофизичко истражување на мистериозниот влез. Кога конечно ја добил дозволата во април, го започнал своето истражување.
Зад вратата се криела цела низа од простории со скали кои водат длабоко во подземјето. Во една нив, според изјавите на Џамин за медиумите, лежат големи количества сребро и злато.
Но, тоа е откриено од надворешната страна, така да не е јасно, за какви предмети станува збор. Џамин во меѓувреме побарал дозвола да ја отвори вратата и конечно да дознае што се крие таму.
Дозволата ја побарал во мај мината година и се надева дека чекањето наскоро ќе заврши.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag