Потребни намирници:
200 гр брашно
4 јајца
700 мл млеко
Сол
2 супени лажици масло за јадење
2 супени лажици коњак
Ги биеме јајцата со солта. Го додаваме млекото и брашното, лажица по лажица, при што мешаме бавно и внимателно, додека се прими брашното и внимаваме да не се направат грутки во тестото. На крај ги додаваме маслото и румот.
Во врела тава исипуваме по една кафена лажица масло и една мера од смесата. Пржиме од двете страни додека не се зацрвени палачинката. На секоја трета палачинка е добро да додаваме по една кафена лажичка масло на дното од тавата. Може да користите и путер.
Готовите палачинки ги подредуваме една врз друга врз широка чинија. Ги сервираме завиткани со ролна со солен или сладок полнеж.