Фритата со димен колбас
22 февруари, 20130
Потребни состојки:
- 600гр компир
- 1 голема главица кромид (или 2 мали)
- 200гр димени суви колбаси
- 4 јајца
- малку путер
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Излупете 5-6 компири и исечете на тенки парчиња. Компирот варете го во солена вода 15 минути. Кромидот исто така исечете го на кругови и кратко пропржете на масло (одвоете неколку поубави парчиња кои ќе ги ставите одозгора). На истото масло пропржете и парчиња колбас, па додадете го претходно сварениот компир. Се заедно пропржете кратко и тргнете од рингла.
Калапот премачкајте го со путер и ставете го подготвениот зеленчук. Изматете со жица 4 јајца, додадете сол и бибер по вкус, па прелијте преку компирот. Нежно протресете за се убаво да се распореди. Сега можеме да ставиме одозгора и парчиња кромид (кои го одвоивте на страна). Печете 20 минути! Добар апетит!