Фустан според обликот на телото

popara22 април, 20132min00
11

Како да се прикријат недостатоците???!!!

1 – Силно изразени колкови и бедра – наједноставен начин за нивна рамномерност е да се избере фустан кој не е тесен туку лесно да паѓа преку долниот дел на телото. Уште подобро би било ако има поголемо деколте или голи рамиња, па на тој начин привлекува и поголемо внимание на нив.

2 – Слаби, млитави  или дебели раце – секако во тој случај најдобар избор би бил фустан со долги ракави. Умешност е да изберете необични ракави. Слично можете да постигнете ако на фустан без ракави додадете шал или болеро.

3 – Ако сте ситна, добар избор за вас би биле елегантните фустани, без премногу набори или некои други „вкусни“ елементи. Фустанот нека биде во една боја, нагласувајќи ја вашата фигура. Одлучете се за кадифени, меки материјали.

4 – Ако носете поголеми броеви, изберете едноставен фустан, посебно во некоја потемна боја. Црната е непогрешив избор, во неа сите изгледаат послаби. При тоа ако фустанот не е краток, ќе ве издолжи и ќе изгледате супер.

5 – Ако нозете ви се проблем, можете да изгледате добро и без да ги покажувате. Место за пантолони одлучете се за подолг фустан. Ако е од убав материјал, ќе изгледате многу елегантно.

6 – За широки рамиња добар избор се фустаните без прерамки. Не барајте фустан кој ќе ги прекрие туку ќе нагласи некој друг дел од телото, или фустан кој на себе има некој нагласен детаљ. Секако, избегнувајте набрани ракави со и  прерамки.

7 – Ако немате струк проблемот ќе го решете со избор на фустан кој ќе биде сечен пониско или повисоко од струкот. Посебно ако е во две нијанси или комбинира два материјала.

8 – Ако имате големи гради изберете фустан кој се врзува околу вратот по можност со набран горен дел. Ако фустанот има широко здолниште во целост ќе го изедначете со градите. Одберете материјали кои се лизгаат и лесно паѓаат, но не и да се лепат за вашето тело. Исто така одбегнувајте ѓердани. И секако било какви други додатоци на горниот дел од фустанот.

9 – Мали гради – повеќето свечени фустани поубаво изгледаат на жените со мали гради, така да всушност тие и немаат некои проблеми во изборот на фустани. Меѓутоа, ако сакате оптички да ги зголемете градите изберете фустан кој има на тој дел зголемување во облик на карнер, украс или слично.

10 – Ако сте премногу слаби и немате облини женственоста ќе ја постигнете со поотворени бои и потемни примероци. Екстра детали се набраните  ракави, пошироко здолниште и слично. Одбегнувајте материјали кои се припиваат за вас како и фустани кои многу откриваат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma