Го почнал својот живот со само 400 грама: Мало божиќно чудо и голема радост!

popara25 декември, 201318min00
17

Кога се родил пред 6 месеци, Конор од Флорида бил тежок само 400 грама, а бурмата на неговиот татко слободно можел да ја носи на малата нога.

“Кога се роди, лекарите не советуваа да направиме повеќе фотографии, бидејќи не веруваа дека ќе успее да преживее. Некој ми предложи да му ја ставам бурмата на нога, за да се сеќавмае колку бил мал. Денес сум изненаден кога ќе ја погледнам сликата и ќе сватам колку многу пораснал“ – раскажува таткото на бебето, Ерик Серенсен.

Бебињата како него, родени пред време, обично не можат да преживеат, бидејќи нивните витални органи не се доволно развиени.

Но најтешкото е веќе зад него. Сега ова бебе тежи 3 килограми, и на денешен ден е пуштено од болница, за да го прослави својот прв Божиќ со семејството.

“Конор е храбар и силен, тој е борец, и направи се што можеше за да остане со нас. Толку го чекавме овој ден и сега, конечно за Божиќ, сите сме заедно дома“, изјавила пресреќната мајка на момчето, Холи Серенсен.

konor-serensen-bozicno-cudo-burma

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *