Гога Секулиќ наводно ја тужи мајката на Игор Рамовиќ, Зорица, бидејќи истата ја заменила бравата со што и оневозможила на пејачката да влезе во станот каде фолк ѕвездата живеела заедно со нејзиниот покоен сопруг.
Процесот веќе е во тек, а пејачката била мошне вознемирена бидејќи е приморана да се занимава со вакви банални обврски наместо на мир да тагува и да го оплакува сопругот.
“Гога не може да се опарави, ја гледаше смртта во очи и таа траума ќе и остане за цел живот“, вели изворот близок на пејачката кој додава дека Гога денес сама ги плаќа долговите за лекувањето на Игор во Германија, каде последно таа платила 20 000 евра.