Бијонсе објави емоционално видео со нејзините фанови!
30 август, 20130
Екипата на поп дивата Бијонсе за време на нејзината светска турнеја која започна во април годинава го снимиле дружењето на пејачката со нејзините најверни обожаватели и сето тоа го спакувале во неколку минути црно – бел материјал кој вистински ги трогна сите оние кои го виделе.
На снимката се нашле најсимпатичните моменти помеѓу Бијонсе и фановите, дури и за време на нејзините настапи каде таа срдечно се поздравува и разговара со нив. Посебни емоции будат кадрите со децата инвалиди на кои Бијонсе им упатува искрена насмевка и подршка.