Соодносот помеѓу должината на палецот и показалецот кај мажите покажува каква е големината на нивната гордост, се вели во студијата спороведена во Кореја.
Откако наскоро беше докажано дека големината навистина е важна, научниците им помогнаа уште повеќе на жените со оваа студија за да можат полесно да пресметаат што ги очекува во кревет со новиот потенцијален партнер и тоа само со еден поглед врз неговата рака. Се докажа дека соодносот помеѓу двата прста ја представува димензијата на неговата гордост. Колку помал е соодносот толку поголемо е она што го носат во панталоните.
Врската помеѓу показалецот и палецот била наречена од експертите 2Д:4Д. Тој сооднос е поврзан со половите хормони естроген и тестостерон. Повисокото ниво на машкиот полов хормон се поврзува со помал сооднос или помала разлика во должината на пристите, а повисокото ниво на женскиот хормон естроген означува поголема разлика или сооднос помеѓу палецот и показалецот.