Беспилотната ракета Делта 4 е најголемата во американската флота и во средата е лансирана од Калифорнија со цел во орбитата да се постави таен шпиунски сателит, изјавуваат американските медиуми.
Ракетата висока како зграда од 23 ката испратена е во космосот од базата за лансирање која е изградена за спејс шатл. Американските медиуми пишуваат дека не се објавени никакви детали за она што содржи, но додаваат дека ракетата е способна да подигне сателити со големина на автобус.