Гром ја погоди базиликата Свети Петар, кога папата го најави своето повлекување!

12 февруари, 20130
GROM

Во Ватикан синоќа се случило нешто необично – бидејќи поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти најави дека заминува, затоа што нема повеќе сила за оваа должност, базиликата Свети Петар ја удри гром!

Истата вечер Рим бил погоден од невреме и пороен дожд, а гром удрил во куполата на базиликата.

Ова е прв папа кој по 600 години доброволно заминува од својата должност, така што станува збор за преседан. Неговата одлука шокираше милиони вреници иако нагласил дека тоа го прави за доброто на црквата.

Меѓутоа, многумина не поверувале во тоа, па и сега веруваат дека постои нешто друго.

Одлуката прво ја соопштил на кардиналите, а поради тоа што тоа го направил на латински некои од нив најпрво не го разбрале она што тој сакал да го каже. Но, тие кои разбрале останале во шок. Кардиналите веќе објавиле дека мораат да делуваат многу брзо и дека не би требало да го дочекаат Велигден без нов поглавар.

http://www.youtube.com/watch?v=hZL0Z2nV3cU&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *