Компанијата Гугл го прати секој ваш чекор од минута во минута со помош на вашиот Андроид смартфон или таблет. Неверојатно, ама можете да ја прегледате целокупната историја на вашето движење и тоа со месеци наназад. Модерното време направи да бидеме зависници од смартфоните и функцијата која тие ја носат. Без размислување ги прифаќаме сите услови за користење која ќе ја понудат, а понекогаш не знаеме што всушност значи тоа.
Дали сте знаеле дека најголемиот пребарувач Гугл ја има целокупната историја на нашето движење доколку користиме Андроид таблет или смартфон? Кога ќе ви се постави прашањето каде сте биле претходната среда во 19:30 веројатно ќе се збуните. Верувале или не, Гугл го знае одговорот. Дали се сеќавате на моментот кога за пат сте го вклучиле телефонот и дека добивате известување од Гугл со кое бара дозвола да ги собира сите локации и без проблем вие кликнувате дека се согласувате. На следниот линк ( https://maps.google.com/locationhistory/b/0 ) се што треба да направите е да се логирате на својата Гугл мејл адреса и тоа е се. Ќе ја добиете целокупната историја од кога го користите вашиот Андроид уред по датуми и месеци.